За нас

Sansiro е турски бренд за парфеми и козметика, основан во 1998 година во Бурса, Турција. Sansiro нуди широк асортиман на производи за лична нега – од парфеми и лосиони за тело до освежувачи за простории и автомобили.

Нашите колекции

Classic колекција

Безвременски мириси што совршено се вклопуваат во секојдневната рутина и оставаат траен впечаток.

Премиум колекција

Префинети и луксузни мириси создадени за посебни моменти кога секој детал треба да биде совршен. 

Niche Atelier колекција

Уникатни и софистицирани мирисни композиции за вистинските љубители на парфеми и уметноста на мирисот.

Во нашето портфолио, покрај парфеми, ќе најдете и спреј за тело, лосиони, стапчиња за мирис, освежувачи за дом, како и парфеми за автомобил.

Инспирирани од светски познатите мириси

Sansiro парфемите се внимателно создадени инспирирани од најпознатите и најбараните мириси во светот на парфемската индустрија. Нудиме алтернатива што остава подеднакво силен впечаток, но по многу подостапна цена. Без компромис на квалитетот, Sansiro ви овозможува да уживате во мирисите што ги сакате, секој ден.

Квалитет на кој му верувате

Во Sansiro, квалитетот е најголем приоритет. Sansiro се придржува до меѓународните стандарди како IFRA (International Fragrance Association), и имаме GMP и ISO 9001 сертификати. Се користат исклучиво природни екстракти од цвеќиња и зачини, без синтетички суровини. Производството е целосно автоматизирано и секој производ поминува низ строги проверки пред да стигне до вас.

Присутни насекаде

Sansiro производите се достапни во над 55 земји низ светот, со повеќе од 70 дистрибутери. Sansiro можете да го најдете во познати ланци како LC Waikiki, Watsons, BIM, SOK и многу други.

Нашиот тим во Република Северна Македонија

Во Македонија, на пазарот сме достапни од 2019 година. Парфемите се достапни во 12 градови ширум државата, а главното седиште се наоѓа во Свети Николе. Нарачките може да се прават исто така и на нашата веб страна. Со млад и динамичен тим, континуирано го унапредуваме нашето знаење и искуство, нудејќи мириси кои инспирираат и оставаат траен впечаток – по пристапна цена.